Утрински Весник
Скопје

Тешка сообраќајка на булевар „Србија“

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а едно со телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, и трицикл марка „томос“, управуван од М.С. (18) од Скопје.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на трициклот М.С. и неговиот сопатник С.Р. (23), додека уште еден сопатник од трициклот, И.С. (19), се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Во декември ЈП „Комунална хигиена“ подигнала 13 000 тони отпад

(Фото) Скршена рампа на паркингот на Клинички