Утрински Весник
Свет

Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела

20260105075336 big 730x400 88.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По американскиот напад врз Венецуела, претседателот Доналд Трамп синоќа ја сврте својата реторика кон Колумбија, упатувајќи нови закани, јави ДПА.

Во разговор со новинарите, Трамп ја опиша Колумбија како „многу болна“ и рече дека земјата ја води „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава во САД“.

„Тој нема да го прави тоа долго време“, рече Трамп, без да објасни што мислеше.

Трамп претходно упати повеќекратни вербални напади врз колумбискиот претседател Густаво Петро, но не го спомена по име за време на разговорот со новинарите на летот за Вашингтон од неговата резиденција на Флорида каде ги мина новогодишните презиници, потсетува германската агенција.

На прашањето на новинар дали ќе има воена операција против Колумбија, Трамп одговори: „Ми звучи многу добро“.

САД во саботата рано утрината започнаа напади врз цели во Венецуела, го заробија претседателот Николас Мадуро и го изведоа од земјата заедно со неговата сопруга. Тој треба да се соочи со судење во Њујорк по обвиненија поврзани со шврец на дрога, потсетува ДПА.

Колумбија, соседна земја на Венецуела, се смета за голем центар за производство на кокаин.

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции