Утрински Весник
Балкан

Технички проблем го блокира воздушниот сообраќај во Грција

Avion.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Воздушниот простор на Грција од утрово е целосно затворен за сите летови кон и од сите аеродроми во земјата, поради проблеми со радиофреквенциите, јавува дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за транспорт на Грција објаснија дека одредени фреквенции кои го опслужуваат ФИР Атина се соочуваат со дефект, кој се истражува во соработка со надворешни надлежни институции.

За да се обезбеди максимална безбедност на летовите, во моментов се овозможуваат само ограничен број на прелети, а на грчките аеродроми воведени се посебни ограничувања. Според грчките медиуми, авионскиот сообраќај е во прекин од 9 часот утрово, а некои авиони што требало да слетаат се пренасочуваат кон соседните земји, пред сè кон Турција.

Можете да прочитате

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра

Поплави во повеќе градови во Албанија, најкритично во Драч, Лежа и Кукс, има прекин во наставата и почната е евакуација

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград