Утрински Весник
Македонија

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Meteoalarm.mk 24.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендов ни следува значителен пораст на температурите и тоа особено утре (Недела 4 Јануари) а сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на јужно воздушно струење и на потопол воздух од југ, но и под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно со центар некаде над Италија.

Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде променливо облачно а во западните предели ќе има  повремени локални врнежи од дожд а на високите планини (над 1700 / 1800 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег.

Во Скопје  и околината викендов исто така времето ќе биде променливо со повремено засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината повремено ќе има услови за проврнување на слаб дожд.

Што  се однесува до температурите како утринските така  и дневните температури ќе бидат значително повисоки, наутро веќе тие особено од утре (Недела 4 Јануари) ќе бидат насекаде над нулата а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. И во Скопје  и околината утре (Недела 4 Јануари) температурата ќе надминува 10 степени преку ден.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со промоцијата и испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина-наместо импровизации, градиме систем

Тошковски најави заострени казни за петарди

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е “срам за граѓаните“