Утрински Весник
Балкан

БУДВА: Наместо спектакл, 600 дронови завршија во морето 

Image 2026 01 02 104409787.png

Она што требаше да биде „невиден спектакл на овие простори“ за дочекот на Новата година во Будва, се претвори во целосен крах. Околу 600 дронови, кои на полноќ требаше да приредат светлосно шоу над Стариот град, неславно завршија во морето и на бетонот.

​Снимките од овој технолошки дебакл веќе се шират на социјалните мрежи, прикажувајќи како скапата опрема паѓа во водата и на платото пред Лучката капетанија.

​Од будванската полиција за црногорските медиуми потврдија дека, за среќа, во инцидентот никој не е повреден, иако дроновите паѓале и на копно.

Полицијата извршила увид на лице место. За целиот настан е запознаено Основното државно обвинителство во Котор.

​Останува нејасно што точно го предизвикало падот на стотиците летала. Станува збор за скапоцено шоу вредно десетици илјади евра.

​Причините за инцидентот ќе ги утврдува вештак кој ќе биде ангажиран од страна на обвинителот, за да се открие дали станува збор за техничка грешка, хакерски напад или пречки во сигналот.

Извор 4news.mk

Можете да прочитате

САД со итно предупредување: Избегнувајте патување на Кипар поради воената ескалација

Зголемена побарувачка за гориво во Србија, граѓаните масовно полнат цели резервоари

Турција: Одбраната на НАТО пресретна балистичка ракета од Иран