Утрински Весник
Македонија

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Img 5239.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје е преполно за новогодишната забава на плоштадот, која по неколку години пауза повторно ги собира граѓаните во центарот на главниот град. Првично прославата отсуствуваше поради ковид пандемијата, а подоцна затоа што Градот не успеваше навремено да се организира.

Прославата ја збогатуваат повеќе македонски изведувачи кои пеат за оние што решија Новата година да ја дочекаат на плоштадот. Скопјани уживаат во настапите на Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Дина Јашари, Куку Леле и Тамара Тодевска, додека истовремено купуваат миникрофни и други новогодишни слатки од куќичките поставени околу плоштадот.

На прославата заедно беа и премиерот Христијан Мицкоски со сопругата, како и градоначалникот на Скопје Орце Ѓеорѓиевски со сопругата и друштво, уживајќи во атмосферата со граѓаните.

Пред полноќ настап имаа Пајак, Лара и Два Бона, а Скопје во Новата 2026 година влезе со песните на Каролина Гочева.

Можете да прочитате

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје

Среќна Нова Година од екипата на 24инфо!