Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара ЈО да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува.

Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ.

Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните.

Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми.

Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време и покрај тоа што за сите нив се исплаќа целосен износ, како да се вработени и присутни цел ден.

Како се прикрива сето ова?

Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничари, лажни извештаи за наводни генерални чистења кои никогаш не се реализираат.

Ако институциите не постапуваат значи дека се заштитници на криминалот на ВМРО и ЗНАМ.

Бараме Јавното обвинителство да отвори предмет и итно да покрене истрага.

Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Работата не е завршена.

Можете да прочитате

Две жртви на интернет и телефонска измама

Зајкова: Електронската нараквица можеше да избрише некое име од листата на жртви

МВР: Извршувањето на забраната за управување со моторно возило стапува на сила по добивањето на втората порака