Утрински Весник
Македонија

Круме Ристовски, татко на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години

20251229174120 big 730x400 16.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со писмо до јавноста во кое посочува дека нивното семејство живее и понатаму со неправда, се обрати Круме Ристовски, таткото на 22 годишната Теодора која во 2022 почина откако прегазена на пешачки премин. Четириест и девет- годишниот возач Менсур Пајазити, беше осуден на две години затвори за смртта на Теодора, па таткото Круме пишува дека за исто такво дело во државата, некои сторителите се казнети и со над десетгодишни затворски казни.

-Пред неколку дена читам дека за одземен човечки живот се изрекуваат 13 години затвор, денес слушам и 11 години затвор. И прашувам јавно? Зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години? Барам правда. Иста правда за сите. Законите не смеат да се применуваат селективно. Солзите на еден татко во Тетово не се помалку болни од солзите на татко во Скопје. Детскиот живот нема град, нема националност, нема цена. Две години затвор за одземен живот не е порака за правда тоа е порака дека системот не нè гледа сите еднакво – вели Круме Ристовски во писмото.

Тој вели дека по пресудата па досега, молчел, но не затоа што му поминала болката, туку затоа што зборовите понекогаш тежат повеќе од солзите.

-Јас сум татко на Теодора. Дете кое го загубив засекогаш. Дете кое имаше иднина, соништа и живот што не смееше да заврши така. Теодора беше добар ученик, посветена и вредна. Беше добар студент на Машинскиот факултет. Имаа останато уште два испити — и ќе станеше машински инженер. Една млада личност што се бореше за својата иднина со знаење и труд. Молчењето не значи помирување. Молчењето значи дека болката зрее. И ќе продолжам да зборувам. Не од омраза —туку од љубов кон мојата Теодора и од надеж дека ниедно друго семејство нема да ја доживее оваа неправда – вели Круме Ристовски.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење. На повторното судење во април 2025 година Пајазити доби две години затвор.

Можете да прочитате

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега

Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка