Утрински Весник
Македонија

На Табановце приведен кумановец, во неговото возило пронајдени стари монети

605608105 1170177248626134 4740421514386694284 n.jpg

На 25.12.2025 во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.

Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски и неговите „успеси” – кога пропагандата се судира со реалноста

Македонија живее во срцата на Измир

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура