Утрински Весник
Македонија

Молеа за живот држејќи се за решетките – Потресно сведочење на судењето за пожарот во „Пулс“

Diskoteka Kocani Nasa 696x416 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со потресно и длабоко емотивно сведочење на Дејан Николов, сопственик на соседниот автолимарски сервис, денеска продолжи судењето за страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март згаснаа 63 млади животи.

Пред судот, во присуство на расплакани родители и роднини на загинатите, Николов ги опиша пеколните моменти од кобната ноќ, сведочејќи за објект кој со години функционирал во несоодветни и опасни услови. Како што изјави, прозорците што се гледале однадвор биле заѕидани или одвнатре затворени со изолација, со што дискотеката станала „вистинска стапица“ за посетителите.

Николов, кој е првиот сведок по воведните зборови на одбраната, раскажа дека сосема случајно се нашол пред дискотеката со пријатели и со својот син, само неколку минути пред да избие пожарот. Кога се појавил густиот црн чад и настанал хаосот, тој веднаш го вклучил цревото од својот сервис со силен притисок, обидувајќи се да помогне.

„Слушнав гласови и тропање од женскиот тоалет. Прозорецот беше со решетки. Ги скршивме стаклата, а девојчињата се држеа за решетките и молеа за помош. Светеа со телефоните и пискаа. Ги прскав со вода за да можат полесно да дишат. Син ми зад мене викаше: ‘Тато, те молам спаси ги!’“, сведочеше Николов, додека во судницата владееше тишина и солзи.

Тој опиша како заедно со својот син и неговите другари, користејќи професионални маски и гази, се обидувале да извлечат и да им помогнат на настраданите, додека кровот на објектот почнал да пука и да се урива. Посебно тежок момент, како што рече, бил кога му пришол син на еден од локалните лекари со тешки изгореници, барајќи помош.

„Дојде пет часот наутро, а мене ми беше како вечност. Верував дека има само повредени. Кога се свртев, видов три тела до мене. Беше страшно… тела имаше насекаде“, рече сведокот со треперлив глас.

И покрај ваквите сведоштва за пренатрупаноста на клубот, нелегалното користење пиротехника и долгогодишното работење без исполнување на минимално-техничките услови, сите 35 обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни. Дел од нив изразија сочувство до семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле „тешки дела против општата сигурност“.

Судењето, кое се одржува во судницата во Идризово, продолжува со вкрстено испрашување на сведокот од страна на одбраната.

Можете да прочитате

Гаши со апел до пратеничките групи да се избере Народен правобранител

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“