Утрински Весник
Македонија

Пуштена во употреба клучката кај Подмоље

20230610173444 big 730x400 44.webp.webp

СВР Охрид ја известува јавноста дека од денеска, во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмољје, општина Дебрца.  

Со тоа, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга , Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.

Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и и другата поставена хоризонтална и вертикална сигнализација и со тоа, да придонесат за зачувување на сообраќајната безбедност.

Можете да прочитате

Навивач паднал од трибина на стадионот во Гостивар

Зајкова за Светскиот ден на слободата на медиумите: Вистината не треба да има синџири

Вчера уапсени 11 возачи низ Македонија