Утрински Весник
Спорт

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

20251220180639 big 730x400 42.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, на листата на голови во Премиер лигата.

Норвежанецот постигна два гола во денешната победа од 3:0 над Вест Хем во 17. коло од Премиер лигата. Халанд сега има 104 гола во Премиер лигата, еден повеќе од Роналдо. Норвежанецот ја достигна оваа бројка во 114 лигашки настапи, додека на Португалецот му беа потребни 236 натпревари.

Кристијано Роналдо играше за Манчестер јунајтед од август 2003 до јули 2009 година и од август 2021 до ноември 2022 година. 

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи

Џејк Пол со скршена вилица по нокаут од Ентони Џошуа во Мајами