Утрински Весник
Магазин

Папата Лав го доби најсофистицираниот „Папамобил“ досега

Image 2025 12 19 193255176.png

Папата Лав Четриринаесетти доби нов автомобил – помоќен, технолошки понапреден и поскап од возилата што ги возат повеќето граѓани низ целиот свет. Пред неколку дена, „Бе-ем-ве груп“ официјално му го достави новиот „Бе-ем-ве IX 60“, целосно електричен полутеренец којшто стана новиот „Папамобил“ во гаражите во Ватикан.

Тоа е еден од најлуксузните и најмодерни електрични модели од германскиот производител. Опремен е со најнови безбедносни системи, напредна помош при возење и технологија што овозможува прилично тивко движење – што е особено важно за јавните настапи на папата. Со два електрични мотори и погон на сите тркала, „Бе-ем-ве IX 60“ нуди моќност од над 600 коњски сили и досег што ги задоволува дури и најсложените протоколарни обврски.

„Бе-ем-ве IX 60“ не е само статусен симбол, туку и технолошко чудо – мешавина од луксуз, безбедност и одржливост, во служба на едно од највлијателните официјални црковни тела во светот. Иако на прв поглед изгледа како отстапување од скромноста што Ватикан често ја нагласува, изборот на електрично возило се толкува и како силна симболична порака. Преминот кон возило со нулта емисија е во согласност со посветеноста на Светата столица на заштитата на животната средина и борбата против климатските промени, тема на којашто Ватикан сè повеќе се насочува последниве години.

Новиот „Папамобил“, според наводите во западните медиуми, е прилагоден да ги задоволи и најспецифичните безбедносни прашања, како и да обезбеди удобност за долги патувања и јавни настани.

Можете да прочитате

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик