Утрински Весник
Скопје

ЈП Комунална хигиена – Скопје продолжува со континуирани активности за одржување на хигиената во градот

20251215102214 big 730x400 47.webp.webp

Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена-Скопје седум пати во неделата, во три смени, реализираше собирање и транспорт на комуналниот отпад од 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери лоцирани во сите скопски општини, додека приближно 90 000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови.

Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини што се во надлежност на Градот Скопје. Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев” и „Слобода”, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија. 

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопјe ќе добие 100 нови и целосно еколошки градски автобуси

Финки ќе ги добие двете згради кај кампусот на УКИМ

Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите, велат од Левица