
Во врска со „Зимзоленд“, би сакале да ве информираме дека инспекциските служби на Општина Аеродром професионално и посветено постапуваат во согласност со своите надлежности.
Инспекциската постапка од страна на Општина Аеродром е отпочната на 28.11.2025 година и во моментов внимателно се разгледуваат сите факти и околности што се однесуваат исклучиво во делот на одобрението за поставување урбана опрема. По целосно завршување на постапката, од страна на Општината ќе бидат преземени соодветни мерки што произлегуваат од законите, доколку за тоа постои утврдена основа.
Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост, а Општина Аеродром не е организатор ниту учесник во програмските активности на „Зимзоленд“.
Вашата доверба и спокојство ни се од големо значење. Секое случување во нашата општина е важно за нас, па затоа транспарентноста и отвореноста остануваат наши водечки принципи.
Продолжуваме внимателно да ги следиме сите активности, со искрена посветеност да обезбедиме сигурна, уредна и пријатна средина за сите жители на Аеродром.

