Утрински Весник
Свет

Украинската армија тврди дека ја вратила контролата врз северниот дел на Купјанск

Zelenski Epa.jpg

Украинската национална гарда соопшти дека ги потиснала руските сили во Киндрашивка, Радкивка и делови од Северен Купјанск, блокирајќи ги руските линии за снабдување и стабилизирајќи ја ситуацијата во регионот, пренесе Укринформ. Операцијата ја спроведе специјалната група „Повелба“, формирана по ескалацијата во септември.

„Нашите единици ја преминаа реката Оскил и го пресекоа снабдувањето на непријателот“, стои во соопштението, додавајќи дека украинските сили ги одбиле руските напади кон градот.

Борбите јужно од Купјанск продолжуваат, но украинската страна тврди дека постепено напредува и дека следна цел е целосно ослободување на градот. Русија минатиот месец тврдеше дека го освоила Купјанск, но Киев тоа го демантираше.

Претседателот Володимир Зеленски денеска објави снимка од самиот Купјанск, изненадувајќи ја руската страна. Тој им се заблагодари на украинските војници за напредокот и порача дека силните позиции на фронтот се клучни за силни позиции во дипломатските разговори.

Можете да прочитате

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија