Утрински Весник
Економија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 12 декември 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 

 –  12.12.2025– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

 –  15.12.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Струјата до Нова година нема да поскапи, за понатака не се знае

Економско-финансискиот совет на Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?