Утрински Весник
Свет

Нова терапија ја победи „неизлечивата“ леукемија кај деца и возрасни

Cancer.webp.webp

Револуционерна терапија што го уредува ДНК успеа да врати во живот пациенти со агресивни облици на рак на крвта, пренесува BBC. Првата пациентка, 16-годишната Алиса Тепли, е без знаци на болест и планира кариера во биомедицината.

Од 2022 година, уште осум деца и две возрасни лица се лекувани со овој метод, а кај 64% болеста влегла во ремисија, и покрај тоа што хемотерапијата и трансплантацијата претходно не им помогнале. Терапијата користи „живи лекови“ – модифицирани Т-клетки кои ја напаѓаат леукемијата без да го оштетат организмот.

Процесот трае неколку месеци и бара строг медицински надзор, а најголем ризик се инфекции додека имунолошкиот систем се обновува. Резултатите се охрабрувачки: кај девет од првите 11 пациенти болеста влегла во длабока ремисија. Лекарите велат дека терапијата е ризична, но кога успее, резултатите се извонредни, нудејќи надеж за многу пациенти со неизлечива леукемија.

Можете да прочитате

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин

Силен земјотрес ја погоди Јапонија