Утрински Весник
Свет

Калас: Потребни се дополнителни санкции против Белорусија поради поддршката за Русија

Kaja kalas 2.jpg

Неопходни се дополнителни санкции против Белорусија поради поддршката за Русија во војната во Украина, изјави денеска Каја Калас, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ на прес-конференција во Европскиот парламент со претставници на белоруската опозиција.

– Работиме на проширување на санкциите против Минск, додаде таа.

Според нејзините зборови, Белорусија директно и индиректно ја поддржува војната и учествува во хибридни активности насочени против безбедноста на земјите од ЕУ. Калас како примери го наведе затворањето на дел од европскиот воздушен простор поради балони со контрабанда испратени од Белорусија, како и обидите за надворешно мешање и за вршење миграциски притисок врз соседните европски држави.

– Луѓето во Белорусија не ги поддржуваат овие дејствија на режимот во Минск, рече таа.

– Авторитарните режими, кои се потпираат на страв, се покршливи отколку што изгледаат, вашата храброст е инспирација за сите останати – им се обрати Калас на белоруските опозиционери, меѓу кои беше и нивниот лидер Светлана Тихановска.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Блиску е втората фаза од мировниот план за Газа

Зеленски: Нема компромис за украинската територија

Осудени млади Авганистанци, силувале 15-годишно девојче во парк во Англија