Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца крадци – оперирале низ продавници и маркети

Apsenje 1.jpg

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско, информираа од полицијата.

– На 05.12.2025 во 09:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на ул. „Браќа Ѓиноски” во Гостовар го лишија од слобода Е.Е.(38) од Гостивар, поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,тешка кражба”, сторени во текот на минатиот месец во продавници и маркети. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, известија од полицијата.

– На 06.12.2025 во 00:05 часот во с.Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.К.(44) од с.Леуново, гостиварско, поради основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во текот на минатиот месец во маркети и продавници во гостиварското подрачје. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР за другиот случај.

Можете да прочитате

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит

Притвор за 34-годишник од струмичко, се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка

Тешто повредена малолетничка, ја удрил тротинет, а возачот побегнал