Утрински Весник
Македонија

Богородица пак ќе биде затворана од грчките земјоделци

Granica pasosh 1.jpg

Преминот ќе биде затворен во два наврати – од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот за сите видови возила поради штрајкот на грчките земјоделци.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин „Евзони“ за влез и за излез од Грција кон Македонија денеска повторно ќе биде блокиран.

Преминот ќе биде затворен во два наврати – од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот за сите видови возила поради штрајкот на грчките земјоделци. Блокада на овој граничен премин имаше и во текот на изминатите денови.

Граничниот премин „Дојран“ засега останува единствениот премин на кој нема блокади и сообраќајот за влез и излез од Грција се одвива непречено.

Грчките земјоделци низ целата држава имаат поставено вкупно 14 блокади со над 6 000 трактори, од кои два се на граничните премини „Евзони“ и „Ники“. Протестите започнаа во неделата и нема информации до кога ќе траат.

Можете да прочитате

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе