
Со 60 гласа „за“ и девет против, Собранието ја усвои Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници и фондовите. Со неа се алоцирани 12,5 милијарди денари во рамки на утврдената буџетска рамка и дефицитот за 2025 година.
Заменик-министерот Николче Јанкуловски истакна дека средствата ќе се користат за исплата на пензии, здравствено осигурување, социјални надоместоци, инфраструктурни проекти и техничка документација за железница и автопати.
Дискусијата во Собранието ја водеше пратеничката Сања Лукаревска (СДСМ), која критикуваше намалување на капиталните расходи и зголемување на непродуктивни трошоци, додека Јанкуловски одговори дека реалокацијата е вообичаена и ја нагласи позитивната реализација на БДП и зголемувањето на даноците. Седницата продолжи по исцрпување на дневниот ред.

