
Манчестер Сити вчера ја совлада екипата на Фулам со 5:4 во натпревар од 14.коло од Премиер лигата, а првиот стрелец на тимот Ерлинг Халанд успеа да постигне гол што беше негов 100-ти во Премиер лигата по 111 одиграни натпревари.
Тој со ова стана рекордер откако го собори рекордот на Алан Ширер, кој претходно 100 гола постигна на 124 натпревари.
– Кога доаѓав во Премиер лигата сакав да постигнам 100 гола за Сити. Но, искрено не очекував да се случи толку брзо. Сега сум горд, бидејќи ова е голема работа. На овој натпревар ќе се сеќавам цел живот, изјави Халанд.
Норвежанецот е најдобар стрелец во Премеир лигата со 15 голови.

