Утрински Весник
Македонија

„Сејф сити“ стартува утре – 24info.mk

Kameri.webp.webp

Од утре официјално стартува имплементацијата на системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“. До крајот на годината ќе трае пробен период во кој возачите ќе добиваат само предупредувања, додека санкциите ќе бидат целосно активни од 1 јануари, пренесе 4NEWS.mk.

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, најави нулта толеранција кон сите прекршоци, без разлика дали се во населено место или на автопат. Сопствениците на возила ќе добиваат СМС и е-пошта со записник и платен налог. Во првите осум дена ќе може да се плати половина од казната, а по истекот целосниот износ.

Во почетната фаза системот ќе регистрира пречекорена брзина, минување на црвено светло, возење без важечка сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Планирано е проширување на типот на прекршоци во следната фаза.

МВР веќе поставува камери во Скопје, Тетово, Куманово, како и на автопатите и експресните патишта на коридорите 8 и 10. До средината на 2026 година системот треба да ја покрие целата држава. Целта е поуреден и побезбеден сообраќај, а првите резултати ќе се видат во наредните недели.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка кај Македонски брод, загина една жена

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната

ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи против Филипче, тие го дозакопаа правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик