Утрински Весник
Македонија

Утре претежно облачно со врнежи од дожд

Vreme 2.webp.webp

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени. До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат денес, во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа). Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Мицкоски кажа дека Вреди нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Петрушевска: Амандманите на Левица ја покажуваат нивната хипокризија, реконструкцијата на студентските домови е веќе во тек

Коалицијата Вреди ги договори имињата на новите министри во Владата