Утрински Весник
Македонија

Ќе врне со денови – Подгответе се за многу дожд и пад на температурите

Duge Na Dozd Na Ukuca Noke 1 Bg Scaled 1.jpg

Под влијание на циклонска активност, од утре (среда) до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, информира УХМР.

Најголеми врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток, при што се најавуваат количини над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во четврток дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени.

На планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата