Утрински Весник
Македонија

Пожар во фирма од Скопје – сопственикот заврши во болница поради чад

Pozarnikari Skopje.jpg

Голем пожар избувна синоќа во менза на фирма во скопско Визбегово, при што 44-годишниот сопственик Ж.В. од Скопје беше хоспитализиран поради вдишување чад.

Според информациите од полицијата, огнот избувнал околу 22:10 часот во објект во селото Визбегово. Сопственикот прв го забележал пламенот и се обидел сам да го изгасне за да спречи поголема материјална штета.

Иако успеал да го стави под контрола, при интервенцијата вдишал значителна количина чад, поради што веднаш бил префрлен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана медицинска помош.

Случајот бил пријавен во полиција околу 23:50 часот, а причините за настанувањето на пожарот се сè уште предмет на истрага.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран