Утрински Весник
Македонија

Собранието и Меѓународниот парламент за толеранција и мир потпишаа меморандум за соработка

19661.jpg

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, заедно со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед Бин Мохамед Алџарван, денес го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу македонското Собрание и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP).

Овој меморандум воспоставува важна институционална рамка која има за цел продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог. Со него, Собранието се обврзува на редовно учество во седниците, комитетите и иницијативите на IPTP, како и на континуирана размена на информации за активностите и парламентарните проекти на организацијата.

Документот предвидува и координација за спроведување заеднички настани, конференции и иницијативи од заеднички интерес, со што се отвораат нови можности за унапредување на парламентарната дипломатија.

Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација основана во 2017 година во Малта, врз основа на дипломатски договор со Владата на Малта, со кој се обезбедуваат дипломатски привилегии и имунитети.

Потпишувањето на овој меморандум претставува значаен чекор во јакнењето на меѓународната улога на македонското Собрание и придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир.

Можете да прочитате

Крилото на Села преминува во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски