Утрински Весник
Македонија

Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“, се аспат лица од УЈП и ДПИ

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Во рамки на истрагата за трагедијата во Пулс во Кочани, Обвинителството покрена постапки против повеќе лица за низа кривични дела поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификати. Дел од осомничените се лишени од слобода, а за неколкумина обвинителството, според информациите на МКД.мк, ќе бара и мерка притвор. Се работи за лица вработени во Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.

Според МКД.мк притвор ќе биде баран за Драганчо Паунов, вработен во УЈП Штип, кој се сомничи за кривични дела примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик и оддавање службена тајна по член 360. Тој е од Штип и е лишен од слобода. Мерка притвор ќе биде побарана и за Дуле Димитриев, исто така од Штип и вработен во УЈП Штип, осомничен за примање поткуп по член 357 и примање награда за противзаконито влијание по член 359 од КЗ. И тој е лишен од слобода.

За делата давање поткуп по член 358 и давање награда за противзаконито влијание по член 358-а, осомничен е Михаил Јованов, а постапка е покрената и против Драган Чурлинов за две кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа. Тој живее во Гевгелија.

Атанас Чурлинов, исто така од Гевгелија и вработен во УЈП Струмица, се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа по член 361. Тој е лишен од слобода.

Лишен од слобода е и Алки Караманолев од Струмица, вработен во УЈП Струмица, осомничен за истите две кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа по член 361, објави МКД.мк.

Според МКД.мк постапка се води и против Александра Чичанова од Валандово, вработена во УЈП Струмица, за истите две дела – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа по член 361. Во УЈП Штип е осомничен и Никола Тушев кој е лишен од слобода за злоупотреба на службената положба и овластување по член 353.

За истото дело е осомничен и Александар Кангалов, исто така од Штип и вработен во УЈП Штип. И тој е лишен од слобода.

Во Пулс Кочани, за фалсификување исправа по член 378 став 4 од КЗ, осомничен е Д. Ј.

Обвинителството продолжува со прибирање докази во рамки на истрагата поврзана со трагедијата во Пулс. Вчера почна судењето против 35 физички и три правни лица обвинети за трагедијата, а спроведена е и истрага за 13 полициски службеници, за кои обвинение треба да биде поднесено следниот месец, објави МКД.мк.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари