Утрински Весник
Македонија

МВР уапси 11 лица за „Пулс“ за поткуп, злоупотреби и оддавање тајни

Whatsapp image 2025 11 19 at 09.34.54.jpeg

Уште 11 лица – службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) – се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени, дознава Плусинфо.мк.

Дел од осомничените се веќе уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за различни кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена положба, примање поткуп, давање поткуп и фалсификување исправи.

Според информациите до кои дошол порталот, лицата опфатени со акцијата на МВР се сомничат за следните дела:

  • Д.П. од Штип – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ќе се бара притвор; службеник во УЈП Штип; лишен од слобода.
  • Д.Д. – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Примање награда за противзаконито влијание“ (чл. 359) – ќе се бара притвор; УЈП Штип; лишен од слобода.
  • М.Ј. – „Давање поткуп“ (чл. 358) и „Давање награда за противзаконито влијание“ (чл. 358-а) – поврзан со „Пулс“ Кочани.
  • Д.Ч. – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Гевгелија.
  • А.Ч. – „Злоупотреба на службената положба“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ (чл. 361) – УЈП Струмица; живее во Гевгелија; лишен од слобода.
  • А.К. – истите дела, службеник во УЈП Струмица; живее во Струмица; лишен од слобода.
  • А.Ч. – „Злоупотреба на службена положба“ и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Валандово.
  • Н.Т. – „Злоупотреба на службена положба“ (чл. 353) – УЈП Штип; живее во Штип; лишена од слобода.
  • А. К. – истото кривично дело – УЈП Штип; живее во Штип; лишен од слобода.
  • В.К. – „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ДПИ; живее во Кочани.
  • Д.Ј. – „Фалсификување исправа“ (чл. 378 став 4) – поврзан со „Пулс“ Кочани.

Истрагата за најтешката трагедија во поновата историја на државата продолжува да се продлабочува, а МВР и обвинителството најавуваат дека ќе бидат опфатени сите што придонеле за незаконското работење на објектот и прекршувањето на процедурите што довеле до катастрофалниот пожар.

Можете да прочитате

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов

Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето” на граѓаните од страна на банките