Утрински Весник
Економија

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ

Temu i shein 1.jpg

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат врз начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ.

Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Таа практика продолжува и по измените на Законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот како и досега.

Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе имаат нова обврска за уплата.

ДДВ кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор.

Министерството за финансии уште еднаш потенцира дека со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра.

Целта на овие законски измени е зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Со измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се прави значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија, а воедно ќе придонесе и за намалување на сивата економија.

Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа практика и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.

Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра