Утрински Весник
Македонија

Десет кандидати во трката за Антикорупциска, Дуковски остро реагира: „Ако овие се тие – тешко нас“

Saso dukovski 1068x601 1.jpg

Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери се десеттемина кандидати што останаа во трката за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, откако селекциската фаза ги елиминираше останатите пријавени. Пo нивното објавување реагираше адвокатот Сашко Дукоски со остар коментар:

„Значи, случајно гледам кандидати за избор во Антикорупциска комисија. Ако овие се тие… тешко нас!“, напиша тој, додавајќи дека листата, според него, не влева доверба.

Собранието спроведува повторен избор за прв човек на Антикорупциската комисија по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога