
Градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат Стевчо Јакимовски вечерва на социјалните мрежи преку сатирично видео реагираше на објавената фотогафија каде заедно се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и кандидатката на СДСМ која доживеа фијаско, Маја Манолева.
„Очајот нема крај, бурето нема дно. Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во момнетов сум во една кафеана и поставив стража. Немој случајно да дојде (Лукровски) и со мене да се слика па да кажува дека и од мене има поддршка“ вели Јакимовски.
Инаку во текот на денот Лукровски објави фотографија со Манолева што многумина го сфатија како договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Карпош.





 
					