Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме голема предност пред вториот круг, очекуваме убедлива победа

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори влегува со јасна предност и силна поддршка од мнозинството граѓани. По историската победа во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места и 33 општини, со зголемување од над 11.000 гласови во однос на претходните локални избори.


На 2 ноември следи втор круг во 27 општини, од кои во 20 ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност, вклучително и во Град Скопје.

Овие резултати ја потврдуваат довербата на граѓаните во чесното, одговорно и транспарентно работење на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Изминатите четири години беа период без скандали, без афери и без местени тендери, беа периоди на посветеност, реална работа и конкретни резултати во интерес на граѓаните. Така планираме и понатаму да продолжиме.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на 2 ноември масовно да излезат на гласање и да ја потврдат победата што веќе започна.

Глас за број 9, глас за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!

Можете да прочитате

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66

„Концерт под свеќи“ на „Охридско лето“ со виртуозот Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“