
Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти попладнево Државната изборна комисија (ДИК).
Според ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8 848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие локални избори, гласале 5 385.
Од 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15:30 часот го оствариле 810 гласачи.
Во установите за вонсемејна грижа до 15:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 135 гласачи.