
Малолетник од Свети Николе доби известување од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поради сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 04.06.2025 во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.