Утрински Весник
Македонија
Img 7972

АФЖ – Левица остро го осудува сексуалното малтретирање што го вршел кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари – бараме казни и одговорност

Screenshot 20251016 130044 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Антифашистичкиот фронт на жените, АФЖ – Левица, најостро го осудува одвратното, мизогино и злоупотребувачко однесување на Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, како и срамното молчење од страна на ДУИ и останатите институции.

Аудио-снимките што излегоа во јавност, на кои се слуша како Дехари сексуално малтретира и понижува вработени жени во Општината, се доказ за системска злоупотреба на моќ и родово насилство на работно место, а тоа е нешто што заслужува и кривична одговорност, не само – политичка оставка!


Ниту една жена не треба да биде предмет на понижување, заплашување или сексуално изживување, особено не од страна на функционер платен со парите на граѓаните. Ова е скандал преку злоупотреба на функција, полов мобинг и родово засновано насилство.

АФЖ – Левица бара:
• Јавна реакција од жените-функционерки во ДУИ;
• Реакција од Комисијата за заштита од дискриминација;
• Кривична одговорност и казни за насилникот!

АФЖ – Левица не остапува од својата борба, додека насилниците не одговараат. Ние нема да бидеме дел од културата на молк: ниту во Кичево, ниту на кое било друго место во Македонија!

Можете да прочитате

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти годинава во Тиквешкиот регион

Македонија се прости од Панчо – Солзи, тишина и вечна почит за легендата на ДНК