Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Османи за Меџити: 20 години работел без план сега ќе прави мастерплан

Bo.jpg
Dik 300x250 mk

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во дебатата на „Топ Тема” на Телма, остро реагираше на фактот дека по две децении управување, актуелната гарнитура дури сега предлага урбанистички мастерплан за општината.

„План не се прави после дваесет години. Тоа значи дека дваесет години се работело без мастерплан. Тоа е како да градите нешто без основен дизајн и план. И сега, откако ќе се изгради сè и ќе се создаде хаосот, ќе правиме план. Малку е несериозно”, изјави Османи.


Тој нагласи дека Чаир е пример за лошо управување и недостиг на визија, но дека промената ќе започне со целосно нов пристап и системско планирање уште од првиот ден.

„Јас влегувам на почетокот со план. Со студиото на Мишел Ројкинд гледавме од поинаква перспектива, не да правиме проекти колку за проекти, за да привлечеме гласови, туку прво да ги идентификуваме проблемите. Секој проект што е ветен е решение за конкретен проблем”, рече Османи.

Тој објасни дека пристапот е хуманистички, со визија за подобар квалитет на живот и подобра функционалност на општината.

„Секогаш гледавме од перспектива на човек што живее во Чаир, на кој децата му се движат низ овие улици, но и од перспектива на доктор, со цел да се хуманизира целиот простор”, додаде Османи.

Во визијата за урбан развој, Османи најави неколку крупни инфраструктурни решенија кои ќе го модернизираат Чаир.

„Со подземен премин, и со плоштад што го нарековме ‘Лирија’, и подземен паркинг правиме функционално решение за ‘Цветан Димов’. ‘Џон Кенеди’ со ‘Никола Карев’ е исто така многу важно, затоа што Чаир има два клучни прекина во циркулацијата, и тие се проектите што ќе ја променат сликата на општината”, истакна Османи.

Тој додаде дека нема да поставува рокови за проектите што бараат сериозна координација и институционална поддршка, но ќе започне со рушење на т менталитет во општината, а тоа е дека ништо не може да се промени.
„Тоа го видов кај граѓаните. Слушав, ова не може, ова не може. За ‘Цветан Димов’ ми рекоа дека не може, а јас отидов во Урошевац, таму истиот проект го направиле”, рече Османи.

Тој појасни дека визијата за Чаир не е краткорочен политички план, туку општествен договор со граѓаните.

„Мојата визија за Чаир ја претставив како договор со граѓаните, а не како дел од мојот мандат. Сакам да им покажам дека може поинаку. Затоа што дваесет години е еден човек. И луѓето почнаа да мислат дека тоа е целиот универзум. Кога ги прашувам зошто не бараат повеќе, велат ‘таква ни е општината’. Не, Чаир заслужува повеќе”, порача Османи.

Можете да прочитате

Ливриниќ со средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Орце Ѓорѓиевски уверен во победа во првиот круг

Бујар Османи: Ги донесов најважните проекти во Чаир, градинката Бамби, гинекологија и Универзитетот Мајка Тереза