Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Vmro.webp.webp
Img 7972

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање.


Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството.

Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата улога во аферата?

До кога ќе молчи ЈО и Коцевски?

Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?

Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката Пулс. Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството.

Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДС и ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата.

Можете да прочитате

Наставничка удрила ученик во училница – Скандал во Крушево, родителите во шок, полицијата истражува

Кумановец измамен за 1,1 милион денари при купување градежни машини

Емотивна порака од родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели