Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Митовски: Предизборен ПР од страна на Стефковски за штета на граѓаните

Mitovski.jpg
Img 7972

Се наоѓаме на улицата „Палмиро Тољати” во населбата Ченто, каде што граѓаните се заложници на уште еден лажем ПР предизборен маркетинг на актуелниот градоначалник.

Почитувани, ова предизборно гребење на асфалт за наводно асфалтирање на улицата, токму во изборен период, е само на штета на граѓаните.


На оваа улица, при најмал дожд, водата ја поплавува целата површина и улицата станува нефункционална, жителите не можат ниту да влезат во своите домови. Не само асфалтирање, потребно е да се променат и Атмосферската и фекалната канализација кои се основен проблеми за жителите на оваа улица, а токму тие се ставени како приоритет во мојата програма.

Но, сведоци сме дека ваквото сценарио не е само тука. На улицата „Париска Комуна” во во Хиподром, асфалтот беше изгребан пред точно еден месец на 10ти Септември а денес жителите од хиподром само се дават во прашина а улицата неколку пати беше преплавена со вода со што беше отежнато движењето. И тука е потребна промена на атмосферската и фекалната канализација а дополнително и промена на линијата за вода. Во Маџари 1 познатата „коцка” 10 месеци стои раскопана, граѓаните не можат ни да излезат со автомобилите од дворовите, ниту да паркираат пред своите домови.

Ова мора да прекине а работата да има континуитет.

Време е за вистинска работа, а не за предизборен маркетинг на грбот на граѓаните.

Токму затоа се бориме за нашиот дом!

Можете да прочитате

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража

Филипче од Гази Баба: Овие избори се борба за вредностите на социјалдемократијата, за праведна држава и достоинствен живот за сите