Утрински Весник
Скопје

Шабан Салиу ги претстави петте столба од изборната програма за Шуто Оризари

Image 2025 10 09 094214173.png

На средба со сопартијци и поддржувачи што се одржа во Шуто Оризари, Демократските сили на Ромите (ДСР) и кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу ги презентираа програмските приоритети за локален развој, конципирани во пет столба: Инфраструктура и урбан развој; Култура, образование и идентитет; Здравје и социјална грижа; Локална економија и нови работни места; Зелено и транспарентно Шуто Оризари.

Во фокусот на дискусијата беа конкретни приоритети за унапредување на јавните услуги, подобрување на локалната инфраструктура и отворање на простор за нови инвестиции и вработувања, со посебен акцент на отчетност и транспарентност во работењето на општината.


„Нашата визија е јасна, а тоа е Шуто Оризари да стане симбол на функционални институции и фер шанса за секое семејство. Петте столба на програмата не се слогани, туку работни задачи со одредени чекори, партнерства и рокови. Ќе ја вратиме довербата преку резултати што се гледаат, а тоа се уредени улици и маала, култура што го чува идентитетот, достапна здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора нови работни места и зелена, транспарентна општина каде секој глас се слуша,” изјави д-р Шабан Салиу.

Можете да прочитате

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Утре, традиционален планинарски марш на Водно