Утрински Весник
Свет
Img 7972

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Kremlj.webp.webp
300x250 opst2

Русија денеска соопшти дека очекува јасност од САД во врска со можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ за Украина, истакнувајќи дека ова оружје теоретски би можело да носи и нуклеарни боеви глави.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака да знае што планира Украина да прави со ракетите, пред САД да се согласат да ги достават, бидејќи не сака да ја ескалира војната. Сепак, тој посочи дека „донел некаква одлука за ова прашање“.


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков беше прашан за коментар за ова прашање. –  Разбираме дека треба да почекаме. Веројатно за појасни пораки, ако дојдат такви, рече тој. Песков додаде дека праксата кај претходникот на Трамп, Џо Бајден, била испораките на ново оружје да се објавуваат дури откако ќе бидат примени од Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предупреди дека доколку Вашингтон ѝ достави ракети „Томахавк“ на Украина за да изведуваат удари на голема далечина длабоко во територијата на Русија, тоа би довело до „уништување на односите“ меѓу Москва и САД.

Песков додаде дека е важно да се сфати дека „ако се апстрахираме од различните нијанси, станува збор за ракети кои можат да бидат и со нуклеарни боеви глави. Според тоа, тоа е навистина сериозна фаза на ескалација.“

Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри, што значи дека Украина би можела да ги користи за напади на целата територија на европскиот дел на Русија, вклучувајќи ја и Москва, доколку Трамп одлучи да ги испорача на Киев.

Можете да прочитате

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен