Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

Venko press 1.jpeg
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на слислување спинови за опозијата, наместо да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните кои се сѐ погласни. Ова го одговори претседателот на СДСМ Венко Филипче на поставено новинарско прашање на денешната прес конференција.

„Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период како што кажав се во една цела безидејност и немаат што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект, се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении. Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана и низа други мерки тогаш, јасно е немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред”, рече Филипче.


Филипче остро ја критикуваше црната кампања на владејачката партија потенцирајќи дека спиновите никому не одат во прилог затоа што не се повеќе опозиција, туку власт која треба да испорача резултати и носи одговорност пред граѓаните кои ги избрале.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи