Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Siljanovska davkova pretsedatel.jpg
300x250 opst2

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”.

Во фокусот на годинашниот состанок ќе бидат неколку теми: Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.


Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони” се состануваат најмалку еднаш годишно.

Процесот „Брдо-Бриони” е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.

Можете да прочитате

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден

Скопјанец претепан од контролор на ЈСП