Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел

Netanjahu.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН.

– Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би го загрозило нашето постоење и би претставувало апсурдна награда за тероризмот, рече израелскиот премиер пред состанокот на неговата влада.


Велика Британија, Канада и Австралија денеска соопштија дека донеле одлука за формално признавање на Палестина како суверена држава, а тоа го навија и Португалија и неколку други земји.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека признавањето на палестинската државност е „ништо друго освен награда за џихадистичкиот Хамас.

– Самите лидери на Хамас отворено кажуваат: ова признавање е директен резултат, „плод“ на масакрот на 7 октомври“. Не дозволувајте џихадистичката идеологија да ви ја диктира политиката, објави министерството на X, без експлицитно да ги именува трите земји.

Можете да прочитате

Мерц во ненајавена посета на Украина; Захарова: Убиецот се враќа на местото на злочинот

Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција

АфД со рекордна поддршка од 30 проценти и огромна предност во однос на другите