Утрински Весник
Македонија

Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар – Кичево

Avtopat gostivar tetovo koridor.jpg

Турски државјанин се здобил со повреди при извршување градежни работи во државава.

– Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.


Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар – Кичево.

Се работи на расчистување на случајот. 

Можете да прочитате

Работната група за реформи во изборното законодавство продолжи со работа, се разгледуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Започна меѓународната вежба „Trojan Footprint 26″

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие