Утрински Весник
Македонија

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците

Negotino.webp.webp

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие,  преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница.

– Поради проблем со присуство на  мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“,  „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“, се забранува да се употребува водата за пиење, напишаа од Јавното претпријатие „Комуналец“.


Притоа додадоа дека во соработка со Центар за јавно здравје Велес и другите надлежни институции, се земаат вонредни  мостри за анализа. Се работело на терен за лоцирање и санирање на евентуалниот дефект.

– Замолуваме доколку некој има било какво сознание кое би ни било од корист, да се обрати во Ј.П.„Комуналец“. Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија, водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, од кои може да дојде стварање на вакуум и повлекување на водата во градската мрежа и загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции, појаснија од комуналното претпријатие.

За било каква промена ќе следело соопштение. Од „Комуналец“ известија дека се трудат за брзо надминување на проблемот.

Можете да прочитате

Клуб на пратенички: Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат сите институции

Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички, ВЛЕН веќе го подготвува оправдувањето за пораз

Шест кандидати за градоначалник на Тетово и десет советнички листи