Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

Vlen 585x329 1.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг.


Денес, исто како во „соба 161″ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица за да ги спречи промените.

Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање.

ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Ходаи: Како Кочо Анѓушев и натаму им предава на студенти откако е ставен на американската црна листа за корупција?

Тошковски најави повисоки плати и нови униформи за полицајците, „Безбеден град“ ќе добие подвижни радари