Утрински Весник
Македонија

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, овојпат за светлата во Црн Дрим

Merko crn drim 1536x864 1.jpg

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот во заминување, Рамиз Мерко, за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, во периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, Мерко, во својство на службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите овластувања и склучил договор за изведба на проект за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.


На избраната фирма-изведувач ѝ било овозможено да постави 300 светлински тела во водите на реката, во должина од по 900 метри од двете страни на коритото. Според вештачењето прибавено од обвинителството, ваквата инсталација негативно влијаела врз режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем.

За реализација на проектот, на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари, со што бил оштетен буџетот на Општина Струга.

Обвинителството најавува дека ќе бара соодветна кривична одговорност за нанесената штета и прекршувањето на законските процедури.

Мерко има десетина обвиненија.

Можете да прочитате

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

ЦУК информира за четири активни пожари, Трубарево и Дрисла под контрола

Утре со ведро и посвежо утро, преку денот сончево