Утрински Весник
Свет

Руте до Путин: Престанете со војната и ексалацијата, подготвени сме!

Mark Rute.jpg

Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати порака до рускиот претседател Владимир Путин откако неколку руски дронови го повредија воздушниот простор на Полска.

„Престанете со војната во Украина. Престанете со ескалацијата. Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците – и знајте дека сме подготвени“, изјави Руте.


Тој нагласи дека инцидентот е директно продолжение на руската агресија врз Украина, и порача дека НАТО е решен да ја брани секоја педа од сојузничка територија.

На новинарско прашање дали упадот на дроновите бил намерен, Руте одговори дека сè уште се врши проценка. Тој ја пофали реакцијата на Алијансата и се заблагодари на сите вклучени сили – посочувајќи дека во операцијата учествувале Полска, Холандија, Италија и Германија.

Инцидентот предизвика зголемена напнатост во регионот, а Полска веќе активираше Член 4 од Повелбата на НАТО, што предвидува консултации кога една членка смета дека нејзината безбедност е загрозена.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција